ВИДЕО: Мајами убедлив во Портланд, Мемфис ги сопре Едвардс и Гобер за триумф над Минесота

Кошаркарите на Мајами Хит славеа на гостувањето кај Портланд Треил Блејзерс со 98-119. „Жешките“ беа убедливи, одиграа одличен натпревар и предводени од Тајлер Хиро, кој уфрли 32 поени, стигнаа до победата. Иако во домашниот тим Симонс беше одличен со 28 поени, не успеа да му помогне на Портланд да извојува позитивен резултат. 

  • Портланд Треил Блејзерс - Мајами Хит:

Мемфис Гризлис успеа да триумфира на теренот на Минесота Тимбервулвс (125-127). Во драматична завршница гостинската екипа си замина со цел плен од „Таргет Центар“. Успеа Мемфис да ги задржи најдобрите играчи на противникот, Ентони Едвардс на 15 и Руди Гобер на 12 поени, што беше меѓу клучните фактори. Решавачки беа поените на Џа Морант, кој на 18 секунди пред крајот погоди двојка за 125-127. Во клучниот напад Минесота одигра лошо, па Едвардс од тешка позиција промаши шут за три поени. 

  • Минесота Тимберволвс - Мемфис Гризлис:

На останатите терени Детроит го совлада Торонто (123-114), а Феникс беше подобар од Јута (114-106).