ВИДЕО: Мајами со моќна прва четвртина до брејк во финалето со Бостон

Ноќва се одигра третиот натпревар од финалната серија во плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата, а кошаркарите на Мајами Хит со победата против Бостон Селтикс поведоа во серијата со 2-1. Мајами славеше со резултат 109-103.

Кошаркарите на Бостон катастрофално го започна натпреварот. Домаќинот постигна само 18 поени во првите дванаесет минути, а одговорот на Мајами беше крајно убедлив – 39. Селтикси се консолидираа во вториот квартал, но успеаја да надополнија само шест поени на полувреме, а во продолжение Мајами продолжи со ист стил и во финалните 12 минути влезе со позитива од 15 поени.

Како што се ближеше крајот на последната делница, предноста на Мајами постојано се топеше, но гостите не дозволија да го прокоцкаат на она што го направија на почетокот на натпреварот и стигнаа до победа која ги носи на половина пат од финалето во НБА. Она што меѓу другото му го донесе овој брејк на Мајами е одличната одбрана и дури деветнаесет украдени топки во текот на натпреварот.

Адебајо го предводеше Мајами со 31 поен, десет скока и шест асистенции, Такер додаде 17 поени и седум скока, а Струс реализира 16 поени. За Бостон прв стрелец беше Браун со 40 поени и девет скока.