ВИДЕО: Мајами со „брејк“ против Денвер до егал во НБА-финалето

Кошаркарите на Мајами Хит направија „брејк“ во вториот натпревар од финалната НБА серија против Денвер Нагетс (108-111). Во натпревар со повеќе пресврти, двете екипи имаа свои моменти, меѓутоа гостинот во „Бол Арена“ имаше посигурна завршница и ја израмни серијата пред преселбата во Флорида. 

  • Денвер Нагетс - Мајами Хит:

Натпреварот тргна во знакот на Мајами кој се наметна веднаш и изгради предност која ја бранеше во текот на првата четвртина. Тогаш Денвер се консолидира, врза серија од 27-6, со која дојде до двоцифрено водство. Најмногу домашните водеа со 15 поени, ама и тие се опуштија, па на одмор се замина со 57-51. 

По полувремето Нагетси имаа резултатска контрола, без да се одлепат пред ривалот, а по крајот на третиот период водеа со 83-75. Мајами заигра перфектно во последната четвртина, направи серија од 15-2 и го сврте резултатот во своја корист. Пред завршницата Хитси имаа и двоцифрено водство, а на крајот победија со маргина од еден напад. Никола Јокиќ го заврши меќот со 41 поен и 11 скока, додека кај Мајами се истакнаа Винсент со 23, а Адебајо и Батлер уфрлија по 21 поен.

Во серијата ќе се играат уште барем три натпревари. Два од нив се на осми и десетти јуни во Мајами, додека третиот е повторно во Колорадо.