• Иван Димовски
Познати се конечните парови во плеј-офот на НБА лигата, откако своите места во доигрувањето ги потврдија Мајами Хит и Њу Орлеанс Пеликанс како „лаки лузерс“ во плеј-ин фазата.
Кошаркарите на Мајами славеа во дуелот против Чикаго Булс со 112-91, надигрувајќи го и исфрлајќи славниот ривал во НБА лигата. Тајлер Хиро беше прво име во победата на „жешките“, со 24 поени, десет скока и девет асистенции, додека Демар Дероузан заврши со 22 поени кај Чикаго. Така, по поразот од Филаделфија во првата плеј-ин рунда, Мајами ја искористи последната шанса во дуелот со Булси за доигрувањето.
- Мајами Хит - Чикаго Булс:
Триумф запиша и Њу Орлеанс на домашен паркет против Сакраменто Кингс (105-98). Иако Сакраменто имаше порасположени поентери (Фокс уфрли 35, а Сабонис 23 поени), сепак Пеликанси не си дозволија домашен пораз и запишаа важна победа. Брендон Инграм го водеше тимот на Њу Орлеанс со 24 поени, 19 уфрли Валанчиунас, а 16 Марфи.
- Њу Орлеанс Пеликанс - Сакраменто Кингс:
Во плеј-офот Мајами оди на мегдан со Бостон Селтикс, додека Њу Орлеанс ќе се судри со Оклахома Сити Тандер.