ВИДЕО: Мајами го докрајчи Бостон и закажа НБА-финале со Леброн и Лејкерси!

Кошаркарите на Мајами Хит ќе играат финале во НБА лигата, откако ја добија серијата против Бостон Селтикс (125-113) во конференциското финално соочување на Истокот.

Се играше израмнето во првите три четвртини, па одлучуваше исходот во последните 12 минути. Завршницата им припадна на „жешките“ кои постигнаа 37 поени и со стил ја потврдија победата над големиот ривал.

  • Извештај од натпреварот:

Меч на кариерата одигра Бам Адебајо кој беше незадржлив и заврши со 32 поени и 14 скока. Одличен беше и Џими Батлер (22), а свој придонес во успехот имаа уште Тајлер Хиро (19) и Андре Игудала (15).

Селтикси немаа одговор на серијата во завршните неколку минути на противникот. Мајами погодуваше од секоја позиција, а одличниот шутер Данкан Робинсон реализира кога беше најпотребно и ја направи разликата недостижна на неколку минути до крајот. Џејлен Браун со 26 и Џејсон Татум со 24 поени беа први имиња во редовите на Бостон. 

За шампионскиот прстен во големото финале екипата од Флорида ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс. Леброн Џејмс ќе има можност да стигне до четвртиот прстен против својата поранешна екипа, со која ги освои првите две титули во НБА кариерата.