ВИДЕО: Мајами без Батлер го надигра Сакраменто, Харт херој на Њујорк против Детроит

Екипата на Мајами Хит забележа уште една победа во НБА лигата, откако на средбата со Сакраменто Кингс славеше со убедливи 121-110. На овој натпревар за Мајами не настапи најдобриот кошаркар Батлер, како и српскиот ас Јовиќ.

Кошаркарите од Флорида до клучна предност дојдоа во вториот дел од натпреварот, кога од девет поени негатива стигнаа до предност од 20 поени и успеаја да ја задржат таа разлика до крајот на натпреварот.

Најдобар во тимот на Мајами беше Бем Адебајо со 29 поени и 10 скока, а му недостигаа три асистенции за „трипл-дабл“ учинок, а исто толку поени имаше и Киген Мареј во дресот на „кралевите“.

Њујорк со многу мака успеа да го победи Детроит со поените на Џош Харт на 2,8 секунди до крајот на натпреварот (113-111). Сепак, најпрецизен во таборот на победничкиот тим беше Брансон со 35 поени, а Харт заврши со 23. За Детроит најпрецизен беше Канингем со 32 поени.

Кошаркарите на Бруклин убедливо славеа против Мемфис 111-86, а новиот тренер на Нетси, Кевин Оли ја оствари првата победа во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најнови вести од
НБА, САД