Магичната Црвена Звезда впиша спектакуларен триумф во Милано!

Екипата на Црвена Звезда забележа голем резултат во Евролигата и со победа над Милано на гостински терен (96-104) повторно се врати во плеј-оф зоната во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.

Белграѓани губеа со 13 поени во еден момент од мечот, но не се откажаа. На влезот на последниот квартал, Црвена Звезда имаше негатива од 11 поени, ама со шутерско шоу и серија од 13 поени, дојде до предност (83-85) која ја одбрани до крајот.

Најдобар кај победникот беше Нвора со 22 поени, пред Батлер со 18 поени, а исто толку даде и Монеке кој имаше многу важна улога во триумфот. Кај Милано, не помогнаа 22-те поени на Шилдс, додека Болмаро постигна 13 поени.

Басконија ја продолжи кризата на Анадолу Ефес и во Турција славеше со резултат 89-75. Куруц имаше 18 поени кај победникот, Форест додаде 18, а Луваву-Кабарот заврши со 15 поени. Кај Ефес, Лојд даде 12, а Кординие 11 поени.

Макаби Тел Авив го одбрани домашниот терен и во ефикасен меч славеше над Жалгирис (100-97). Израелската гордост до победата ја водеа Кларк и Соркин со по 17 поени, додека кај литванскиот првак најистакнат беше првиот играч Франциско со 22 поени.

Монако и Париз го одиграа француското дерби во Евролигата, а победија Кнезовите со 95-87. Лидер беше Мајк Џејмс кој постигна 23 поени, додека на спротивната страна Хифи заврши со 19 поени.