• Саше Љолес
Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз Баскет славеа важна победа во француското евролигашко дерби против Монако, кое се играше во рамките на петтото коло (80-87).
Гостите од главниот град беа за нијанса подобри во првото полувреме (43-49), но во второто Монако заигра подобро и ја зацврсти играта во одбрана. Париз потоа повторно влезе во посакуваниот ритам, по што успеа во финишот да направи клучен исчекор и да стигне до втората победа сезонава.
Нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најдобар поединец на паркетот и оствари „дабл-дабл“ учинок од 28 поени, десет асистенции и три скокови, а уште петнаесет поени додаде Американецот Тајсон Вард.
Жалгирис немаше големи проблеми во натпреварот против Макаби и славеше сигурен триумф со 78-63.
Победата литванскиот тим ја најави уште по првите десет минути кои ги доби со 26-7, а на паузата имаше огромна предност од 20 поени (44-24). Во продолжение само ја одржуваше позитивата и сосема заслужено се радуваше на крајот. Најефикасен поединец во победничкиот тим беше Едгарас Улановас со 14 поени, додека кај Макаби три поени повеќе постигна Сејбен Ли.