ВИДЕО: „Магична“ партија на Јокиќ, Денвер ја „наполни“ Оклахома

Екипите на Денвер Нагетс и Јута Џез извојуваа сигурни победи во „сиромашната“ вечер на НБА лигата, во која се одиграа само два натпревари. 

Со оглед на ситуацијата на табелата во Западната конференција дуелот меѓу Денвер и Оклахома Сити Тандерс се очекуваше да биде доста израмнет и возбудлив, но Нагетси во своите редови го имаа расположениот Никола Јокиќ, кој со нова матична партија потврди дека и оваа сезона игра во одлична форма. 

Српскиот центар во победата на својот тим од 119-101 беше најдобриот поединец на паркетот, а натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 27 поени и 12 скока, а додаде и шест асистенции. Во редовите на Нагетси се истакна и Морис со 15 поени, додека кај поразениот тим најпрецизен беше Канаѓанецот Дорт со 20 поени.

Кошаркарите на Јута Џез речиси идентично како и Нагетси славеа на дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 118-102, со што ја продолжија победничката серија во НБА лигата од пет натпревари во низа. 

Мичел со 28 и Кларксон со 18 поени беа најрасположените поединци во таборот на Џезерите, додека прв поентер кај Њу Орлеанс беше Вилијамсон со 32 поени.