• Саше Љолес

Екипата на Фенербахче славеше победа во првиот натпревар од финалната серија против Анадолу Ефес во турската Суперлига со конечни 74-85.
Првиот меч од големото истанбулско дерби му припадна на гостинскиот тим, а најзаслужен за триумфот беше Американецот Најџел Хејс, кој беше автор на дури 28 поени и пет скокови.
Избраниците на Шарунас Јасикевичус доминираа во три од четирите делници и на крајот сосема заслужено ја впишаа првата победа во финалето што се игра во серија „подобар од три“.
Вториот натпревар е закажан за осми јуни, со почеток во 19:30 часот.