• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски имаше блескав настап кој го круниса со „трипл-дабл“ за неговата екипа Плоешти од Романија.
По краткиот период на адаптација во романската кошарка, нашиот плејмејкер денеска влезе во одбраното друштво Македонци кои успеале да го остварат ова големо достигнување. Плоешти вечерва го победи Рапид Букурешт со 85-61, а Магдевски одигра извонреден натпревар.
За триесет минути на теренот, Магдевски постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока, за индекс 30, убедливо највисок на натпреварот. Негова е и заслугата што целиот тим на Плоешти одигра извонредно за што доказ е вкупниот индекс 113.