Магдевски со „дабл-дабл“ за Плоешти и победа тргна во новата година

Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година, Андреј Магдевски, забележа добар старт за романски Плоешти во новата 2022 година.

Плоешти во првиот натпревар во оваа календарска година славеше над Таргу Жиу (94-88) кој е предводен од екс-селекторот Јорданчо Давитков, а плејмејкерот имаше завидна улога во остварениот успех.

Магдевски натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ од десет поени и 13 асистенции, а додаде уште и седум скока.

Плоешти се наоѓа на осмото место во романскиот кошаркарски шампионат со скор 5-8.