Магдевски: Се боревме како тим, веруваме во победата и покрај високата негатива

Македонија ги сочува шансите за пласман на следното Европско првенство во 2022 година, откако во еден од клучните натпревари во квалификациите со убедливи 87-78 славеше над фаворизираната Италија. 

Еден од најдобрите кошаркари во нашиот табор, Андреј Магдевски по мечот со „аѕурите“ изјави дека време за славје нема, затоа што утре ги чека уште една голема битка.

„Тежок натпревар, верувавме и покрај тоа што поведоа со двоцифрена разлика. Не се предадовме, и на крајот дојдовме до посакуваната победа. Немаме време да славиме. Мора да се одмориме добро, и утре да дадеме максимум да дојдеме до нашата цел, а тоа е пласман на Евробаскетот.

„Не е важно кој и како одиграл. Битно е дека игравме, дека се боревме како тим и дека извојувавме победа. Тоа е најважното“, рече Магдевски.

Покрај фантастичниот Димитријевиќ, со 20 поени и по четири асистенции и скока, Магдевски беше вториот најдобар поединец во победата над Италија.