• Горан Упале
Екипата на Плоешти експресно им се врати на победите, откако по поразот од Волунтари претходниот викенд го оствари четвртиот триумф во последните пет натпревари од домашното првенство.
Тимот на Андреј Магдевски беше подобар од Орадеа со (70-63) и се доближи уште еден чекор кон пласман во плеј-офот. Македонскиот кошаркар повторно беше на репрезентативно ниво. За нецели 30 минути, Магдевски постигна 10 поени, а имаше и пет асистенции и четир скока (4/5 за два и 2/2 од линијата за слободни фрлања).
Плоешти се доближи до осмопласираната Стеауа која има два натпревари повеќе, а може да го стигне и Сибиу кој има предност од една победа, но и еден меч.