• Горан Упале
Новата одлична партија на Андреј Магдевски не беше доволна за славје на екипата на Плоешти, која што по поразот на гостувањето кај Питешти со 57-80, направи уште еден чекор подалеку од пласманот во плеј-офот
Македонскиот репрезентативец повторно беше на своето ниво. Натпреварот го заврши како најдобар стрелец и скокач во својот тим. Реализираше 17 поени (2/4 за три, 4/8 за два поени, а од линијата за слободни фрлања 6/13), а имаше и седум скока, за 30.минути во игра.
По овој пораз, шансите на Плоешти за пласман во плеј-офот се сведени на минимум бидејќи на две кола пред крајот на основниот дел, Магдевски и соиграчите заостануваат еден бод зад осмопласираниот Динамо Букурешт, и тоа со натпревар повеќе.