• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски го одигра последниот натпревар за тимот на Плоешти за оваа натпреварувачка сезона.
На разделбата, репрезентативниот бек покажа зошто оваа сезона беше еден од водечките играчи на романскиот прволигаш. За 27 минути поминати на теренот, тој беше најефикасен играч на натпреварот. Заврши со 24 реализирани поени на кои придодаде уште и три скока и две асистенции во победата на гостувањето кај Сибиу (93:88).
За жал, Плоешти не успеа да се пласира во плеј-офот и сезоната ја завршува со биланс од 13 победи и 17 порази.