Магдевски меѓу најдобрите во победата на Плоешти над Стеауа

Екипата на Плоешти ја оствари десеттата победа во романското првенство откако беше подобар противник од Стеауа од Букурешт и славеше со (84-79).

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, повторно беше еден од најдобрите на теренот. За 23 минути на паркетот македонскиот кошаркар постигна 18 поени, а имаше и шест асистенции, за индекс 20.

По 21 одигран натпревар, Плоешти се наоѓа на деветтата позиција на табелата со биланс 10/11, а првите осум екипи обезбедуваат пласман во плеј-офот.