Магдевски избран за најкорисен играч на колото во романската кошаркарска елита

Македонскиот репрезентативец  Андреј Магдевски доби индивидуално признание, откако е избран за играч на второто коло од романското првенство.

Фантастичниот натпревар против Рапид Букурешт и првиот „трипл-дабл“ во кариерата беше награден од страна на романската лига и Магдевски може да се пофали со најкорисен играч во колото.

Секако поради својата „ол-раунд“ партија, во која за 30 минути на теренот во дуелот со Рапид од Букурешт,  искусниот бек постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока. Се заедно доволно за индекс 30.

Неговата игра е главната причина што Плоешти има две победи по првите две кола од новата сезона во романскиот шампионат.