• Сашо Поповски

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски ќе биде дел од „Ол-стар“ спектаклот во романското првенство.
26-годишниот плејмејкер игра одлична сезона и за тоа првично доби место меѓу резервите во тимот на југот. Натпреварот на најдобрите играчи во Романија ќе се одржи в среда во „Орадеа Арена“, а поради откажување на еден од првотимците, нашиот кошаркар ќе добие шанса да настапи од првата минута.
По мечот ќе се одржи хуманитарна акција. На вечерата на која ќе биде организирана аукција ќе присуствуваат дел од играчите, а ќе се продава официјална опрема од кошаркарскиот спектакл.
Магдевски минатата година го засили Плоешти, по три години минати во МЗТ Скопје.