• Саше Љолес
Кошаркарите на Панатинаикос го потврдија учеството во евролигашкиот плеј-оф, откако го надиграа тимот на Монако со 87-79. Одлична партија за грчкиот гигант одигра македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс, кој постигна 21 поен и беше најефикасен во својот тим.
„Детелинките“ ги загубија последните две четвртини, но доволна им беше залихата од првото полувреме, по кое имаа предност од петнаесет поени (49-34). Тимот од кнежевството заигра подобро во продолжение, но немаше сили за целосен „кам-бек“ и драма во финишот.
Екипата од грчката престолнина оствари важна победа пред своите гледачи и ќе има шанса за пласман во на завршниот турнир, каде секогаш има огромни амбиции. Во четвртфиналната фаза ќе ги одмери силите со екипата на Валенсија.
Покрај одличното издание на Шортс, во редовите на Панатинаикос 13 поени постигна Кенет Фарид, а најефикасен играч на мечот беше Мајк Џејмс од Монако со 25 постигнати поени.






