• Саше Љолес

Кошаркарите на Дубаи забележаа нов сензационален резултат во АБА лигата и ја надиграа Црвена Звезда со убедливи 92-107 во натпреварот кој се играше во рамки на шеснаесеттото коло.
Новајлијата во јадранското друштво дојде до 12. победа сезонава, а овој пат тоа им успеа со одлична игра против фаворизираниот ривал. Гостинскиот тим на паузата водеше со 45-50, а во вториот дел комплетно го размонтира белградскиот гигант, што се потврди со одличната игра во третата четвртина.
Најефикасен во победничкиот состав беше Американецот Нејт Мејсон со 23 поени и девет асистенции, а на спротивната страна два поена помалку уфрли Филип Петрушев. Во следното коло Дубаи ќе се соочи со Цедевита Олимпија, додека Црвена Звезда ќе гостува кај екипата на Морнар Бар.