Маџари во десет минути го испушти скалпот на Куманово

Дебитантот во Првата лига, екипата на Маџари, доживеа пораз на гостувањето кај МКК Куманово (82-76) и така го запиша вториот меч без бодови во најдобриот шампионат на Македонија.

Маџари имаше уште еден одличен дуел во кој беше конкурентен со поискусен ривал до финишот, ама го испушти скалпот на кумановчани. Клучна за победата на тимот на Марин Докузовски беше последната четвртина, која Куманово ја доби со 28-14.

Во следното коло од Првата лига, Маџари го чека домашен дуел со Пелистер, додека Куманово кој има две победи на две средби гостува кај Феникс во Скопје.