• Мартин Танасковски

Екипата на Маџари донесе нов странец за продолжението од сезоната во македонскиот кошаркарски шампионат и потпиша со играч од клубот на семејството Јокиќ.
Се работи за крилото Јован Савиќ, српски интернационалец роден 2002 година, висок 208 сантиметри. 24-годишникот кој игра на крилните позиции оваа сезона ја мина во екипата на КК Џокер, за која во просек забележа 9,2 поени, 5,5 скока и ефикасност 10,6 по натпревар.
Покрај за Џокер, Савиќ во Србија играше и за Слога Краљево, а има искуство и во ОКК Спарс Сарајево од БиХ, Оклахома Кристчан во НЦАА лигата, како и германскиот Олденбург.
Дебитантот Маџари во сезоната од Суперлигата се наоѓа на високото петто место на табелата, со скор 8-8 по 16 одиграни натпревари.






