Маџари изгоре во желбата, прв триумф за МЗТ Скопје во финалната серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија првата победа во финалната серија против Маџари (84-77), поведувајќи со 1-0 во битката за шампионската титула во македонската Суперлига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Маџари: 

Маџари „покажа заби“ и го отвори натпреварот на одличен начин, не дозволувајќи му на фаворитот лесно да се „одлепи“ во резултатска смисла. Имаа гостите и шанса да дојдат до двоцифрена позитива, но „металците“ се соземаа до крајот на првиот дел и заминаа на паузата со резултат 45-40. 

Третата четвртина донесе нов силен налет на домаќинот, кој успеа полека да го скрши отпорот на Маџари и стигна до високи +11 на стартот од завршните десет минути. Дебитантот во Суперлигата го губеше здивот и на крајот мораше да се помири со прв пораз во финалната серија, и покрај големата желба за нешто повеќе и уште едно големо изненадување. 

Избраниците на Васко Атанасов рутински го доработија мечот, а најдобар поединец кај победниците беше Андреј Маслинко со 17 поени. На спротивната страна, 25 поени впиша Американецот Томи Луис. Вториот натпревар од финалната серија „подобар од пет“ помеѓу МЗТ Скопје и Маџари ќе се одигра на 20 мај.