Маџари го урна Феникс и ја забележа петтата суперлигашка победа

Кошаркарите на Маџари и Феникс 2010 одиграа интересен натпревар во десеттото суперлигашко коло, а победата на крајот замина кај домашниот тим, кој славеше со конечен резултат 85-80.

  • Комплетниот натпревар помеѓу Маџари и Феникс 2010: 

Двете екипи си разменија по една четвртина, односно Маџари ја доби првата, со 23-13, a Феникс 2010 беше подобар ов втората, во која врати на идентичен начин (28-18), за егал на полувремето. (41-41).

Најизедначено се играше во третиот период, во кој ниту една од двете екипи не успеа да се одвои, но сепак, во онаа последната домашната екипа однесе +3. Нерешено беше на минута и пол до крајот, кога Рахама погоди тројка. Истиот играч уште еднаш израмни, сега на 78-78, пред Грин да ја погоди решавачката тројка за водство на Маџари од 81-78. Тој дефицит на гостите не успеаја да го анулираат ниту Рахама, ниту пак Златевски со своите обиди за три поени во еден напад на гостинската екипа. Грин беше фаулиран, ги погоди двете слободни фрлања, за недостижни 83-78, доволни за нова, петта победа во првенството, со која тимот кој го предводи Миодраг Тодоровиќ се искачува кон горниот дел од табелата.

Најдобар поединец кај победниците беше Џејвон Грин со 18 поени, а во тимот на Феникс 2010, 23 поени постигна Дашон Дајсон. За Маџари ова е петта победа сезонава, додека Феникс 2010 останува на само три триумфи и седум порази во првенството.