Мадрид ќе го пречека „предавникот“ Миротиќ во март наредната година

Натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Барселона секогаш имаат големо значење. Како на фудбалските, така и на кошаркарските терени, каде двете екипи секогаш се стремат да го победат вечниот ривал.

Оваа сезона во кошаркарската лига во Шпанија дополнително ќе биде зголемен интересот за „Ел Класико“ средбите во текот на регуларниот дел од сезоната. Најмногу поради доаѓањето на Никола Миротиќ во каталонскиот тим.

Првото соочување на кошаркарот и „кралскиот“ клуб е во шпанскиот Суперкуп. Потоа следува дуел на домашен терен во „Палау Блауграна“, а дури во март е закажано пеколното гостување на поранешниот миленик на мадридската публика.

Натпреварот во рамки од 25. коло, кој ќе се одигра на 21 или 22 март, ќе биде заокружен на календарот на навивачите на Реал, кои сигурно ќе имаат што да му кажат на „предавникот“ Миротиќ.

Барса оваа година изгради „дрим-тим“ и ќе биде фаворит за сите натпреварувања во кои ќе учествува.