Мачида со тројка ја сруши Белгија и ја однесе Јапонија меѓу најдобрите четири

Белгија

Јапонија се намачи и со тројка во завршните секунди од мечот успеа да ја совлада Белгија (86-85) во третото четвртфинале. Овој пласман во медал-зоната е најголем успех на јапонската женска кошарка, која никогаш не била на чекор до медал на олимписки турнир. 

Работите се одвиваа според планот за домашната репрезентација по првата четвртина. Но, белгиските кошаркарки како да пронајдоа рецепт за играта на противникот, па многу лесно направија пресврт до паузата, која ја потврдија со солидно издание и во третиот квартал.

Јапонките направија серија во финишот и стигна до егал. Во последните 50 секунди се влезе со резултат 83-83. По еден фаул, Алеманд погоди две слободни фрлања, но на спротивната страна тројка реализира Мачида, што донесе тајм-аут кај белгискиот тим. Последниот напад не донесе промени, па јапонските кошаркарки се израдуваа на минимален триумф и пласман во полуфиналето. Мијазава со 21 и Такада со 19 поени се истакнаа кај Јапонија, а Месеман заврши со 25 поени во редовите на Белгија.

Победникот од натпреварот Шпанија - Франција ќе биде противник на Јапонките во полуфиналето, а Србија и Соединетите Американски Држави го сочинуваат првиот полуфинален пар.