„Ма, каква Мараја Кери - донеси ми ти мене леб, гладен сум како пес!“

Дарко Миличиќ Мараја Кери

Кариерата на Дарко Миличиќ е тема која сѐ уште е интересна за кошаркарските фанови, иако истата заврши пред седум години.

Србинот, кој беше втор пик на драфтот во 2003 година зад Леброн Џејмс, во последното излегување пред јавноста одново раскажа неколку приказни и искуства од времето кога беше дел од НБА лигата.

  • Целото интервју на Дарко Миличиќ:

Веднаш по доаѓањето во САД, контроверзниот српски кошаркар доживеал интересна анегдота во елитен ресторан, каде седел покрај познатата пејачка Мараја Кери.

„Првпат пат кога дојдов во САД, тие сакаа да ме фасцинираат и да ме изведат на свечена вечера во елитен ресторан. Стигнавме таму и јас секако бев гладен. Доаѓаат неколку мали порции и за нив се зборуваше дека се не знам што. Кога ми донесоа мали парчиња месо, јас им реков „каде е лебот“, а тие ми одговорија дека во ресторанот не се служи леб. Тогаш се вознемирив и започнав да викам, а сопругата на мојот менаџер започна да плаче.

За да ме смири, тој ми рече „полека Дарко, покрај тебе имаш мега ѕвезда, тоа е Мараја Кери“. Јас се вртам и навистина таа седеше покрај мене, па им реков „ма, каква Мараја Кери, дајте ми леб, гладен сум како пес““, раскажа Миличиќ.

 

По играњето во Хемофарм, поранешниот српски репрезентативец промени дури шест клуба во најсилната лига во светот. Како што вели, во ниту еден од нив не се пронајде, а Американците и неговите соиграчи за него имале мислење дека е некој психопат, кој што во секој момент би можел да направи проблем.

Талентираниот Миличиќ не ја доби вистинската шанса да се докаже, најмногу поради својот карактер и лошите навики, па реши да стави крај на професионалната кариера во 2012 година, како член на Бостон. По само 20 натпревари од сезоната, тој реши да ги спакува куферите и да се врати во родната Србија

Во својата НБА кариера, 33-годишникот одигра 468 натпревари, на кои запиша просек од шест поени, 4,2 скокови и 1,2 блокади. Освои и еден шампионски прстен со Детроит, но истиот, заедно со појасот кој го доби од Рашид Волис, ги продаде, а парите ги искористи за хуманитарни цели.

Најнови вести од
НБА, САД