ВИДЕО: Ма, каков Стеф Кари - Хрват одушеви и постигна 61 тројка ВО НИЗА

Крушлин

Хравтскиот кошаркар Филип Крушлин ја одушеви јавноста со феноменалната прецизност на еден тренинг.

30-годишникот моментално ги брани боите на Цедевита од Загреб, која на својот Јутуб канал сподели видео од шутерската егзибиција.

Хрватот е познат по својот одличен шут, а во тековната сезона во АБА лигата има реализација од 42,3% од зад линијата за три поени. На тренингот заедно со своите помошници покажа дека се работи за феноменален шутер и погоди 61 тројка во низа.

Крушлин покажа дека е одлично подготвен за завршницата од сезоната и обврските во националниот тим на Хрватска.