Лукајиќ: Тренираме како навредени невести, па затоа играме вака лошо

Уште еднаш македонскиот претставник во АБА лигата, МЗТ Скопје не беше достоен за натпреварувањето и загуби уште натпреварот пред да почне. „Штроковите“ беа „сомлени“ од Мега, која пред своите гледачи извојува победа од 106-77.

Сите реакции по натпреварот беа критички настроени кон кошаркарите, а тренерот на македонскиот шампион беше директно ригорозен кон своите кошаркари. 

„Мега одигра машки и покажа како се стигнува до победата. Се задржав повеќе време во соблекувалната за да им кажам на моите играчи дека многу лошо реагираме кога сме под притисок, кога противникот ни игра пресинг. Тоа е нешто што е продукт на тренингот. Многу сме меки, личиме како да сме другари, како некои навредени невести“, рече на официјалната прес-конференција Жељко Лукајиќ.

МЗТ Скопје в сабота од 17.00 часот во Скопје ја пречекува екипата на Игокеа, а два дена подоцна го играат домашното дерби во Гевгелија против Блокотехна