Лукајиќ: МЗТ веќе се навикна на повредите, ќе се обидеме да изненадиме!

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје е во исчекување на нов меч во АБА-лигата. Аеродромци гостуваат кај Мега Бемакс, а дуелот е од голема важност затоа што со евентуална победа „металците“ може да направат чекор напред во невозможната мисија - битката за опстанок.

Стратегот Лукајиќ има само пофалби за младиот тим, а потенцира дека повредите се и во овој момент главен проблем во МЗТ.

„Играме против силен тим, кој е многу поквалитетен од тоа што покажува пласманот на табелата. И понатаму имаме проблеми со повредени кошаркари, нешто на што веćе навикнавме. За нас најважно е да одиграме според зацртаните принципи и да покажеме дека влегуваме во ритамот кој го посакуваме. Агресивноста во одбраната ćе ни биде неопходна, особено поради начинот на кој игра Мега Бемакс. На нас е да дадеме сѐ од себе и ćе пробаме да покажеме квалитет со кој ćе може да му парираме на одличниот домаќин“, изјави Лукајиќ.

Натпреварот меѓу Мега Бемакс и МЗТ Скопје се игра утревечер, во салата „Пинки“ со почеток од 20.00 часот.