Лука знае и да забива: Погледнете како Дончиќ стана „Данкчиќ“ (ВИДЕО)

Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ продолжува со извонредните настапи во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Во најновата гостинска победа на неговиот тим над Шарлот, Дончиќ повторно беше клучната фигура, предводејќи ги Лејкерс со 38 поени, шест скокови и седум асистенции.

Една негова спектакуларна акција во третата четвртина, завршена со забивање, моментално стана хит на социјалните мрежи. Клубот дури се пошегува на свој официјален профил и го нарече „Лука Данкчиќ“, играјќи со зборовите „dunk“ (забивање) и неговото презиме.

И покрај тоа што во минатото често беше предмет на критики поради килограмите, Дончиќ оваа сезона изгледа физички подготвен како никогаш досега. Оваа сезона, Дончиќ бележи неверојатен просек од 37 поени, 10 скокови и 9.5 асистенции по натпревар, поставувајќи го темпото на МВП ниво.

Неговите бројки, заедно со новата енергија која ја внесе во тимот, ја зацврстуваат позицијата на Лејкерс како еден од најсериозните претенденти на Западот.