Лука Стојановски уште две години во битолски Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер почна да го гради тимот за следната сезона во мак-баскетот и настапот во АБА2 лигата. 

Потпис на нов договор стави младиот кошаркар Лука Стојановски. 24-годишниот скопјанец ја продолжи соработката со пелистерци и парафира договор на две сезони со битолчани. 

Стојановски е член на Пелистер од минатата сезона, а претходни настапуваше за Еуро Никел и ФМП Академија, додека неговиот матичен клуб е МЗТ Скопје.

За Пелистер минатата сезона Стојановски настапи на 28 натпревари, и за 20 минути поминати на паркетот запишуваше по седум поени, две асистенции и две скокови.