• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион.
За него ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Сега, повторно е таму каде што припаѓа – во сино-белото семејство.
Станува збор за веќе искусен бек-шутер, стандарден македонски репрезентативец и кошаркар кој сè повеќе се наметнува како еден од лидерите на новата, подмладена национална селекција.
Со доаѓањето на Лука Стојановски, МЗТ ја започна конструкцијата на тимот за новата сезона во која го очекуваат големи предизвици на три фронта – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.


