Лука Дончиќ претставен во Далас со дресот со број 77

Третиот пик на драфтот, европскиот клупски и репрезентативен првак, Лука Дончиќ официјално беше претставен како нов кошаркар на Далас Маверикс. Во Тексас, словенечкиот репрезентативец го доби дресот со број 77 и позираше пред многубројните фоторепортери.

Дончиќ го посакуваше дресот со број 7, но тој беше зафатен, па се одлучи за двојна седумка на задниот дел од дресот. Новата НБА ѕвезда истакна дека нема да настапи за време на летната лига, за да се одмори од напорната сезона во дресот на Реал Мадрид, екипа со која ја освои шпанската и еврпската титула.

На прес-конференцијата тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајсл откри дека Дончиќ може да игра на четири позиции и крои големи планови со него во иднина.