• Сашо Поповски

Словенците потврдија дека на Светското првенство ќе можат да сметаат на својата прва ѕвезда Лука Дончиќ.
Плејмејкерот на Далас Маверикс испратил порака до кошаркарскиот сојуз дека планира да игра на светскиот собир, изјави претседателот Матеј Ерјавец.
„Ако Лука е здрав, ќе игра на СП 2023. Тоа ни го потврди по дуелот со Германија. Не се сомневавме ни момент дека тоа ќе биде случајот со него“, рече првиот човек на словенечкиот кошаркарски сојуз.
23-годишниот интернацонален од Словенија запиша импресивни бројки на Европското првенство. Сепак, тоа не беше доволно за неговата репрезентација да ја одбрани титулата од пред пет години.