Лука Дончиќ е МВП на завршниот турнир на Евролигата во Белград

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Белград

Кошаркарот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ го доби признанието за МВП на завршниот турнир на Евролигата. Словенецот признанието го доби од легендарниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ.

Дончиќ во финалниот натпревар запиша учинок од 15 поени, четири асистенции и три скока.

Претходно Евролигата го прогласи Лука Дончиќ и за МВП н регуларниот дел од сезоната на Евролигата, Алексеј Швед ја доби наградата за најдобар стрелец „Алфонсо Форд“, а најдобар дефанзивец е Хајнс од ЦСКА Москва.

Следниот „фајнал-фор“ во мај 2019 ќе се одржи во баскискиот град Виторија.