Луис Скола потврди дека ќе игра на Олимписките игри во Токио

Само дванаесет селекции играат на олимписки кошаркарски турнир и затоа не е лесно да се избори место на големиот собир. Светскиот вицешампион Аргентина секогаш мора да се земе во предвид кога е во прашање борбата за медали. 

Агентинскиот ас Луис Скола ќе настапи на Олимписките игри во Токио во 2021 година, иако наредното лето ќе наполни 41 година. Еден од најдобрите јужноамерикански играчи кариерата ја започна во 1995 година, а оваа сезона го носеше дресот на Армани Милано.

Со репрезентацијата на Аргентина, Скола во 2004 година во Атина, го освои златниот олимписки медал, а во Рио Де Жанеиро Скола беше бронзен.

Главна преокупација на Скола е сега да пронајде клуб во кој ќе игра во континуитет во сезоната 2020/21, за во форма да ги дочека Олимписките игри.