„Лудница“ во Белград: Синот на Матијас Лесор навиваше против својот татко! (ВИДЕО)

Белград ги слави кошаркарите на Партизан, кои успеаја да го срушат европскиот шампион Панатинаикос во 14. коло од Евролигата, а на овој натпревар беа видени и многу интересни и неверојатни сцени. 

Покрај френетичната атмосфера во салата, медиумите успеаја да го забележат и синот на Матијас Лесор, кој навиваше против својот татко и во раката држеше шал со логото и боите на Партизан. Младиот Матсон Лесор очигледно не ги заборавил навивачите на „црно-белите“ и заедно со неговата мајка постојано навиваа за белградскиот гигант, а тоа беше неколку пати забележано од камерите и од присутните во салата.

Можеби неговиот татко ги промени клупските бои, но синот останал верен навивач на Партизан, нешто што наиде на огромно одушевување од „гробарите“.