Лудило во Евролигата: Дубаи на пола секунда до крај го сруши Баерн

Во натпревар од 15. коло на Евролигата, Дубаи приреди спектакуларна победа пред својата публика, совладувајќи го Баерн Минхен со 89-88 во „Кока Кола Арена“. Мечот понуди драматичен финиш, а херој на вечерта беше МекКинли Рајт кој погоди само половина секунда пред крајот, носејќи му на својот тим важен триумф.

Германскиот претставник не успеа да упати квалитетен шут во последните моменти, а обидот на Владимир Лучиќ од полудистанца беше блокиран од Џастин Андерсон. МекКинли Рајт беше најзабележителниот играч на теренот со 22 поена, седум асистенции и два скока. Одлична поддршка во таборот на Дубаи имаа и Абас со 15 поени и седум скока, Кабенгеле кој додаде 12 поени и четири скока, како и Филип Петрушев со 12 поени.

Кај Баерн, најдобар беше Андреас Обст со 21 поен, три скока и три асистенции, додека Фојтман постигна 15 поени и имаше шест скока и три асистенции. Спенсер Динвиди, пак, запиша 14 поени и шест асистенции, но и покрај нивниот учинок, Баерн не успеа да го издржи притисокот на домаќините во самата завршница.