Лудачки потег по дербито: Џонс го нокаутира Нан! (ВИДЕО)

Третото полувреме по финалната серија меѓу Олимпијакос и Панатинаикос донесе сцени какви што ретко се гледаат дури и во грчката кошарка, позната по своите жестоки ривалства.

По завршувањето на решавачкиот натпревар во кој Олимпијакос ја одбрани шампионската титула, наводно дошло до физички инцидент меѓу кошаркарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс, и ѕвездата на Панатинаикос, Кендрик Нан.

Според информациите од Грција, Џонс го пресретнал Нан во близина на тунелот што води кон соблекувалните и му задал удар со тупаница, што предизвикало бурни реакции кај членовите на гостинскиот тим.

Играчите на Панатинаикос веднаш се обиделе да стигнат до Џонс, но пред него застанале припадници на специјалната полициска единица МАТ, кои интервенирале за да спречат понатамошна ескалација на ситуацијата.

Во продолжение настанал целосен хаос, бидејќи дел од кошаркарите на Панатинаикос влегле во физичка пресметка со полицајците кои се обидувале да воспостават ред и да ги разделат инволвираните страни.