• Зоран Мишевски
Шпанска Барселона е екипата со најдолга позитивна серија на теренот на Партизан. Каталонците не загубиле петнаесет години, а вечерва беа многу блиску до неуспех. Сепак, Американецот Вил Клајбурн се претвори во херој и постигна луда тројка за победа.
Клајбурн клучната тројка ја постигна од преку дванаесет метри на 32 секунди пред крајот на натпреварот и на истек на времето, при водство на Партизан со 76-75.
- Тројката на Клајбурн против Партизан:
Барса со оваа победа дојде на делба на четвртата позиција на табелата во Евролигата со биланс 5/3, а Партизан има скор 3/5 и падна на седумнаесеттото место.





