ВИДЕО: Луда тројка на Загорац, Партизан изедначи против Ц. Звезда

Екипата на Партизан го возврати ударот и изедначи во финалната серија против Црвена Звезда (1-1), откако во супер-драматичен натпревар во самиот финиш на домашен терен го победи „вечниот ривал“ (73-72).

Натпреварот го одбележаа две различни полувремиња. Во првото доминираше Црвена Звезда и во еден момент имаше двоцифрена предност, додека во второто, Партизан комплетно се врати и донесе неизвесна завршница.

Дуелот се реши на три секунди пред крајот, кога Црвена Звезда имаше предност од 70-72, но Раде Загорац постигна тројка, за конечни 73-72. Со звукот на сирената Црвена Звезда се обиде да ја „украде“ победата со тројка преку Барон, но шутот заврши безуспешно.

Најдобар кај Партизан беше Тејлор Пејџ со 19 поени, а Јанковиќ додаде 13 поени, а Загорац имаше само пет поени. Кај Ц. Звезда, Фаје постигна 14 поени, Давидовац додаде 11, а Барон заврши со 10 поени.

Финалната серија продолжува на теренот на Црвена Звезда.