• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Будуќност се пласираа во финалето на АБА лигата, откако во третиот одлучувачки полуфинален натпревар во „Морача“ ја победија Црвена Звезда со 81-78.
Во последните 12 секунди, црногорскиот првак влезе со водство од 78-75, но со поените на Огњен Добриќ гостите дојдоа до израмнување. Останаа само уште седум секунди. Андреј Жакељ одлучи тимот да започне последен напад од својата половина и Мекинли Рајт погоди неверојатна тројка за победа.
- Тројката на Рајт за победа на Будуќност против Црвена Звезда;
Рајт со 25 поени беше најефикасен поединец во натпреварот. Најефикасен кај Црвена звезда беше Матеус со 16 поени.
- Извештај од натпреварот:
Во финалето Будуќност ќе игра со Партизан со предност на домашниот терен.
ФОТО: АБА Лига / Драгана Стјепановиќ