• Иван Димовски
Натпреварот од Ендеса лигата во Шпанија меѓу Хувентуд и Билбао понуди неверојатна завршница. Плејмејкерот Андрез Фелиз погоди неверојатна, по малку луда тројка за победа со звукот на сирената.
Доминиканецот успеа да ја исфрли топката на 0,3 секунди пред истекот на времето, сирената се означи, а шутот на Фелиз заврши во кошот за 81-78. По погодената тројка „од паркинг“, сите присутни бурно ја прославија оваа победа на Хувентуд.
Инаку, Фелис пристигна во Хувентуд летото 2021 година како замена на Ненад Димитријевиќ кој тогаш се пресели во Валенсија.