ВИДЕО: „Луда“ партија на Јокиќ – со 47 поени го реши Мемфис, шампионот загуби од Јута

Денвер Нагетси запишаа нова победа, овојпат по продолжение го совладаа Мемфис Гризлис со 139-137. Иако средбата во „Бол Арена“ беше изедначена до самиот старт, не можеш да загубиш ако во своите редови го имаш Никола Јокиќ, а тој пружи бравурозна партија како ноќва во Колорадо. Српскиот центар постигна неверојатни 47 поени, собра 15 скокови за „дабл-дабл“, а беше близу и до троен ефект со осумте асистенции до соиграчите. Иако Мемфис го имаше расположениот плејмејкер Џа Морант со 36 поени и 12 асистенции, на Јокиќ му помогна Бартон со 28 поени. 

Лос Анџелес Лејкерс загуби на домашниот дуел со лидерот на Западот, Јута Џез со 97-111. Иако пред три дена играчите на шампионот го надополнија отсуството на Леброн и Дејвис и победија против Јута, ноќва немаа сили за нов подвиг. Лејкерси бадијала го имаа најдобриот поединец на средбата, Хортон-Такер кој даде 24 поени, бидејќи кошаркарите на Џез беа подобри во два правци. Најпрецизен беше Кларксон со 22 поени, додека „дабл-дабл“ впишаа Конли и Гобер со по 14 поени и десет асистенции и скокови. 

  • Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез: 

На останатите терени Детроит го победи Кливленд (109-105), Мајами слави со Хјустон (113-91), Вашингтон ја совлада Оклахома (119-107), а гостински славја запишаа Чикаго кај Бостон (96-102), Голден Стејт против Филаделфија (96-107), Сан Антонио во Индијана (94-104), додека најголемата драма беше во Милвоки каде што Феникс по продолжение слави со еден поен (127-128). 

Најнови вести од
НБА, САД