Луд трејд на четири НБА клуба: Харден во Бруклин е најголемата трансфер „бомба“!

За некои сосема неочекувано, а за некои реалност - Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин. Веста ја потврдија релевантни извори на американската кошарка и прашање на време е кога ќе биде официјализиран трансферот на годината во НБА лигата. 

Во големиот трејд ќе бидат вклучени четири клуба, а кошаркари ќе разминат Бруклин, Хјустон, Индијана и Кливленд. Харден ќе ја продолжи кариерата во Нетс, а покрај него, уште тројца кошаркари ќе ја сменат средината. Карис Леверт, Данте Ексум, Родион Курич и четири пика на драфтот, меѓу кои и оној на Кливленд во 2022 година, се отстапени на Хјустон. Кливленд Кавалирс ги доби Џерет Ален и Ториан Принс, а Леверт веднаш е спратен во Индијана, во замена за Виктор Оладипо.

Харден во следните две сезони ќе заработува 44,3 милиони, односно 47,6 милиони долари.

Некогаш страшното дуо Харден-Дурант пак ќе се соедини, а во екиоата е и Ирвинг, па Американците сметаат дека лигата добива уште еден претендент за шампионскиот прстен.