ВИДЕО: Луд меч во НБА – Кливленд со седум тројки во низа го совлада Далас!

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс одиграа неверојатен натпревар во НБА лигата. По прилично израмнет меч, каде Далас имаше двоцифрено водство (110-100) на три минути до крајот, Кливленд успеа да направи пресврт и да ја продолжи трката со Бостон за челната позиција на табелата во Истокот (119-121).

Дури седум тројки во низа постигнаа Кавалирси во последните три минути. Донован Мичел постигна две, а Марк Штрус пет, од кои последната за победа и голема радост на трибините ја погоди од повеќе од половина терен!

На Маверикси не им помогна ниту уште една одлична вечер на Дончиќ, кому му недостигаше еден скок за „трипл-дабл“ (45-9-14). На спротивната страна Донован Мичел постигна 31 поен, а јунак беше Штраус, кој натпреварот го заврши со 21 поен и шут за три поени 7/10.

Без Џоел Ембид, екипата на Филаделфија не можеше да му парира на Бостон Селтикс и загуби со убедливи 117-99.

Браун со 31 и Тејтум со 29 поени беа најдобри поединци кај Селтикси, додека за поразениот тим Тајрис Макси постигна 32 поени.