Луд интерес за натпреварите на Партизан: Пријавени преку 30.000 барања за сезонски билети!

Луд интерес за натпреварите на Партизан во Евролигата и АБА лигата во новата сезона. Клубот од Белград потврди дека стигнале многу повеќе барања за сезонски билети од капацитетот на најголемата сала во Србија. 

Повеќе од очекуваниот број навивачи на Партизан се пријавиле за сезонски билети, па капитенот Кевин Пантер и соиграчите повторно ќе имаат поддршка на која и се восхитуваат Европа и светот.

„Има значително повеќе од 20.000 пријавени за купување сезонски билети. Жал ми е што нема да имаме доволно за сите“, изјави претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.

Станува збор за 30.417 луѓе кои би го следеле секој натпревар на АБА-шампионот. Побарувачката е за 50% поголема од капацитетот на „Штарк Арената“, кој за натпреварите од Евролигата е 20.083 седишта.

Минатата сезона повеќе од половина милион навивачи во живо ги следеа „црно-белите“ на сите натпревари во главниот град на Србија.