• Саше Љолес
Тренерот на екипата на Џокер, Владимир Лучиќ, по натпреварот со Пелистер во АБА2 лигата изјави дека е задоволен од победата, а воедно упати и пофални зборови за домаќините, за кои рече дека им приредиле одличен пречек во Битола.
„Бевме сведоци на фантастична атмосфера, Битола и Пелистер беа прекрасни домаќини. Публиката беше неверојатна и ни создаде голем притисок, но мислам дека пресуди нашата поголема ротација.
Одигравме одличен меч, во второто полувреме се растрчавме на сите страни и мислам дека сосема заслужено победивме. Ќе се обидеме да возвратиме со иста мера на мечот во Сомбор и да бидеме коректни домаќини“, изјави Лучиќ.
Сличен став имаше и играчот на Џокер, Жига Јурчек, кој рече дека Пелистер бил тежок противник до самиот крај, па затоа е презадоволен од освоените бодови во Битола.
„Почнавме лошо, но потоа се сконцентриравме и ја подобривме играта. Знавме дека имаме подолга клупа и планот беше да го наттрчаме ривалот. Мислам дека успеавме да ја оствариме мисијата и заслужено се радуваме на триумфот“; рече Јурчек, кој имаше придонес од три поени и четири скокови.
Пелистер останува на една победа во својата конкуренција. Возвратниот дуел против екипата на Џокер ќе се одигра на дванаесетти ноември.